ОН ги осуди нападите во Судан во кои загинаа 22 лица

July 9, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го осуди воздушниот напад во кој загинаа 22 лица во Судан, јавува Анадолу.

Во соопштението на портпаролот на Генералниот секретаријат на ОН се наведува дека Гутереш го осудил воздушниот напад во Судан и изразил сочувство до роднините на загинатите.

„Генералниот секретар е длабоко загрижен дека војната, која и понатаму се води меѓу вооружените сили и која го дестабилизира целиот регион, го доведува Судан до раб на граѓанска војна“, се вели во соопштението.

Во екот на судирите меѓу суданската војска и Силите за брза поддршка (РСФ), воени авиони вчера извршија воздушен напад врз дистриктот Дар ес Салам во Омдурман, западно од главниот град Картум.

Очевидци изјавија дека загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и жени и деца, а РСФ наведува дека во нападот загинале најмалку 31 лице и дека десетици цивили се повредени.

Суданските паравоени Сили за брза поддршка (РСФ) вчера ја обвинија армијата за убиство на 31 цивил во воздушен напад врз градот Омдурман.

РСФ соопшти дека „силно ги осудува намерните воздушни напади извршени од екстремистичката терористичка милиција предводена од началникот на војската Абдел Фатах ал-Бурхан“.

Суданската војска соопшти дека група припадници на РСФ се убиени во воената операција во Омдурман и дека се уништени и неколку оклопни возила.

Судан е без функционална влада од есента 2021 година, кога војската ја собори привремената Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го осудија како „државен удар“.

Транзицискиот период, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.

Судан е зафатен со судири меѓу армијата и РСФ од средината на април, во кои загинаа околу 1.000 цивили, а илјадници беа ранети.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека над 2,2 милиони луѓе се раселени поради моментните судири во Судан.

Во изминатиот период беа најавени неколку иницијативи за прекин на огнот, но не успеаја да стават крај на судирите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

5 мм до смртта: Голманот на ПСЖ ослабе 20 кг, откри детали за тешката повреда

Следно

Русија тврди дека Украина планира да нанесе „систематска штета“ на нуклеарната централа „Запорожје“

Latest from Blog

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија носи побрзо движење и помалку гужви

„Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји. ВЛЕН

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката
Go toTop