5 мм до смртта: Голманот на ПСЖ ослабе 20 кг, откри детали за тешката повреда

July 9, 2023
1 min read

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико ,полека се опоравува од тешката повреда на главата со која се здоби на крајот на мај годинава, кога неговиот коњ се судри со друг побегнат коњ, по што беше удрен со копито во главата.

Според првите информации на шпанските медиуми, Рико потоа ги скршил вратните пршлени и доживеал мозочен удар, а за негова среќа набрзо пристигнала брза помош која со хеликоптер го пренела во болница во Севиља каде благодарение на бројните реакции му бил спасен животот.

После тоа, имаше процес на опоравување на интензивна нега еден и пол месец, а The Athletic сега пишува дека Рико изгубил повеќе од 20 килограми додека бил во кома и близу 30% од мускулната маса.

Како што се наведува, си ги повредил вратот и главата, а најмногу среќа имал што не го повредил ‘рбетниот мозок. Лекарите процениле дека Рико речиси сигурно би умрел доколку раната била само половина сантиметар подлабока, поточно 5 милиметри.

„Го гледаме светлото на крајот од тунелот. Одиме чекор по чекор. Од самиот почеток знаев дека ќе се извлече затоа што е шампион“, изјави сопругата на Рико, Алба Силва, за шпанските медиуми.

Таа истакна и дека Рико бил свесен кога членовите на неговото семејство се појавиле пред него и ги поздравил со неколку гестови.

„Серхио комуницира. Совршено знае кои сме, му се врати сеќавањето“, додаде сопругата на фудбалерот.

Рико сѐ уште не може да зборува, туку комуницира само со очите, додава The Athletic во својот текст, но забележува дека позитивната вест е што неговата состојба секој ден е сѐ подобра.

За крај додаваат дека големо прашање е дали овој 29-годишен Шпанец некогаш повторно ќе игра фудбал, односно дали некогаш ќе може да се врати на гол, а договорот со ПСЖ му трае до јуни 2024 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азербејџан: Ерменија се обидува да изврши извидувачки летови над Нахчиван и Лачин

Следно

ОН ги осуди нападите во Судан во кои загинаа 22 лица

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop