„Забранети луѓе“, фото-изложба на Џон Илија Апелгрен за незавидната состојба на џез и рок музичарите за време на ковид-19

July 1, 2023
1 min read

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20,30 часот, се отвора изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги види се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, е своевиден книжевен документарец за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со ковид-19. Апелгрин покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите.

Оваа изложба се поставува во склоп на фестивалската понуда на Скопско лето.

Со фотографија се занимавам од поодамна. Љубовта ми се роди во Англија, кога го добив првиот фотоапарат марка Пентакс асахи, во 1989 година… Во моментот кога замреа микрофоните, силно ми зазвучи тишината во животот на ‘забранетите’, а фотографијата ми се виде како најсоодветна за ‘заробување’ на таа тишина во фотографиите и решив да ја раскажам нашата приказна на овој начин“, објаснува тој.

Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Фотографиите се портрети на музичарите застапени во книгата.

Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски-Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска-Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и самиот Џон Илија Апелгрен (вокал).

Апелгрен воопшто не помислил дека во паниката што настана од вирусот, независните уметници-изведувачи ќе бидат сосема заборавени и тргнати настрана од системот… Дека ќе бидат забранети ноќните свирки и настапите во живо во локали. Тој е еден од многуте музичари на кои со мерките за справување со пандемијата им беше забрането да настапуваат. Тие станаа „забранети луѓе“.

Објавувањето на книгата имаше солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шмит ги поништи одлуките на Народното собрание на РС и воведе нови измени во Кривичниот законик на БиХ

Следно

Деветти протест „Србија против насилството“

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop