Деветти протест „Србија против насилството“

July 1, 2023
1 min read

Собирот почна пред зградата на српскиот парламент во Белград, а заврши пред зградата на телевизијата Пинк. Одземањето на националната фреквенција на оваа приватна телевизија е едно од барањата на демонстрантите. Тие бараат и одземање на националната фреквенција на приватната телевизија Хепи, како и итно укинување на реалните шоуа, за кои велат дека промовираат насилство, неморал и агресија

Во Белград денеска се одржа деветтиот по ред протест „Србија против насилството“. Собирот почна пред зградата на српскиот парламент, а заврши пред зградата на телевизијата Пинк.

Одземањето на националната фреквенција на оваа приватна телевизија е едно од барањата на демонстрантите. Тие бараат и одземање на националната фреквенција на приватната телевизија Хепи, како и итно укинување на реалните шоуа, за кои велат дека промовираат насилство, неморал и агресија.

Архивска фотографија од еден од протестите „Србија против насилството“ – 12 мај 2023 г. / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ, на 25 мај најави дека по препорака на српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го прекине емитувањето на реалното шоу „Задруга“ за десетина дена.

Сепак, еден месец подоцна Митровиќ најави нова сезона на ова реално шоу, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Коментирајќи ја најавата дека протестот ќе се одржи пред зградата на Пинк, Митровиќ на Твитер напишал дека уредувањето на програмата „не може да биде тема“ бидејќи програмата на телевизијата не ја уредува улицата.

„Ако нешто е спорно во врска со програмата на телевизијата, Република Србија има институции кои секако би ме предупредиле на каква било неправилност што е во спротивност со постоечките закони и прописи“,

напишал меѓу другото Митровиќ на Твитер, пренесе РСЕ.

Ден пред протестот, тој на целата зграда на телевизијата раширил големо знаме на Србија.

Инаку, освен во главниот град, викендов протести се одржуваат и во Крагуевац, Ниш, Краљево, Суботица, Нови Сад и уште десетина градови ширум Србија.

Протестите „Србија против насилството“, на покана на некои опозициски партии, се организираат еднаш неделно речиси два месеци и ја претставуваат реакцијата на граѓаните и опозицијата на одговорот на државата по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај годинава.

Првите протести беа организирани на 8 мај во Белград, Нови Сад и уште неколку градови, непосредно по двете масовни убиства во кои загинаа 17 лица, главно деца и млади.

Власта тогаш ја обвини опозицијата дека со протестите ја политизира трагедијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Забранети луѓе“, фото-изложба на Џон Илија Апелгрен за незавидната состојба на џез и рок музичарите за време на ковид-19

Следно

(ФОТО) Тинејџерот чија смрт ја крена Франција на нозе е погребан на локалните гробишта во Нантер

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop