ФИЛХАРМОНИЈАТА НЕ Ѝ СЕ ИЗВИНУВА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА НИТУ НА ПУБЛИКАТА, ТУКУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА ЗА ПОДДРШКАТА ДА НЕ ГО ДЕЛАТ ОБЈЕКТОТ СО КОЛЕГИТЕ ОД ЏЕЗ ОРКЕСТАРОТ

June 21, 2023
2 mins read

Музичарите од Филхармонијата не ѝ се извинуваат на јавноста, ниту на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како што побара таа вчера, туку велат, срдечно им се заблагодаруваат на јавноста и на публиката која ги поддржувала во нивната битка за новата институција Национален џез-оркестар да не биде сместена во објектот на Филхармонијата.

Владата вчера одлучи Џез-оркестарот да добие свој траен простор, под објектот на Националната опера и балет (НОБ). Кавгата меѓу Филхармонија и Министерството за култура трае речиси три месеци, откако 108 вработени од оваа музичка институција на 31 март потпишаа петиција против одлуката на Владата и рекоа дека не сакаат да го делат објектот со колегите од Џез оркестарот, иако пола од новиот оркестар се вработени музичари во Филхармонијата. Синдикатот на Филхармонијата, чија директорка е Тина Иванова, организираше протести пред Владата и пред Министерството за култура, а музичарите на концертите во знак на протест носеа жолти, па црвени ленти. Во оваа кампања, музичарите на Филхармонија бараа и оставка од министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска вчера кажа дека го исполнила нејзиното ветување кон јавноста, а пред сè кон вработените во Филхармонија.

„Сега, чесен епилог на сево ова е – извинувања кон јавноста и публиката од директорката и Управниот одбор кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини“, кажа министерката.

Министерката рече се надева оти претседателот на Синдикатот на Филхармонија ќе има минимум доблест на јавноста, но пред сè на своите колеги, да им се извини за сите пласирани манипулативни соопштенија во кои, како што рече, „немаше ниту грам синдикализам, а уште помалку култура и со тоа креираше погрешна слика во јавноста дека музичарите се нетрпеливи и тесногради едни кон други“.

На нашето прашање дали ќе има одговорност за директорката, министерката вчера рече дека во моментов нема таква одлука.

Од Синдикатот, во денешното соопштение велат дека „единствена вистина на вчерашниот прес, беше само вашата констатација дека нашите протести не беа синдикални“.

„Се сложуваме, нашите протестите беа уметнички, а ги поддржаа и вработени кои не се членови на нашата синдикална организација, директорката на институцијата и Управниот одбор. За првпат во историјата на нашата институција на иста страна застанаа речиси сите вработени“, вели Синдикатот.

Според Синдикатот, во моменти кога вработените во Филхармонија, но и нивната институција биле јавно нападнати од поединци на социјалните медиуми, кога биле  оставени сами да се борат против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура, искрената поддршка на луѓето од фелата  им била нивниот столб, нивниот ветер во грб.

„Затоа сакаме јавно да им се заблагодариме на нашите најдобри пијанисти Симон Трпчески и Дино Имери, на поранешните директори на Филхармонија – Мелпомени Корнети, Васил Атанасов, Ганка Самоиловска Цветанова, Кармен Костова и Маја Чанаќевиќ, на диригентите Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Конрад ван Алфен, Миријан Хухунаишвили, Габриел Бебешелеа, Џорџ Џексон, Вања Николовски – Ѓумар и Борјан Цанев, на нашиот истакнат виолинист и професор Олег Кондратенко, на претседателката на СОКОМ Валентина Велковска -Трајановска, на нашиот поранешен концерт мајстор во пензија Румен Димитриев, на музикологот Марко Коловски, на нашите колеги од Белградска филхармонија и од Сараевска филхармонија… Овие луѓе храбро и безрезервно застанаа на наша страна, во одбрана на вистината во моменти кога сите беа свртени против нас. Им благодариме од срце! Почитувана министерке, на крајот од ова соопштение, останува отворена нашата покана конечно да дојдете на концерт во Македонската филхармонија, а одличен повод за тоа е концертот на Белградска филхармонија во сабота. Со задоволство ве очекуваме!“, соопшти Синдикатот на Филхармонија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јубилеен 200-ти настап за Роналдо за Португалија прославен со гол

Следно

Бројот на загинати од потонувањето на бродот со мигранти кај Грција се искачи на 82

Latest from Blog

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Со колони возила со развиорени знамиња на Албанија вечерва низ скопските улици се славеше Денот на албанското знаме.  Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство. Денот на албанското знаме денеска

Е.Пелистер поразен од Веспрем

Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и шестиот пораз во деветтиот натпревар од Лигата на шампионите, овој пат со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем. Уште по првото полувреме беше јасно

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од
Go toTop