Костадиновска- Стојчевска: Моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава

June 17, 2023
1 min read

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, синоќа ја врачи наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола која е прогласена за најдобро уметничко остварување во целина на 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Вечерта беше во знакот на наградените, кои годинава ги добија признанијата од меѓународно жири, а за најдобра претстава со вкупно пет награди беше прогласена претставата на Народниот театар од Битола „My Name is Medeja“. Mинистерката Костадиновска-Стојчевска изјави:„ Честитки за мојот Битолски театар за победата на 57.МТФ ‘Војдан Чернодрински’ во Прилеп, за триумфот со кој битолскиот ансамбл го потврдува високиот квалитет и континуитет во својата работа. Искрено им честитам на наградените, за најдобра режија- на Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога- на Илина Чоревска , за најдобра музика- за Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал- на Сашо Илковски, со што потврдија дека моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава“.

Костадиновска-Стојчевска во вечерта посветена на годинешните лауреати, им ги честиташе наградите на сите кои годинава оставија белег во натпреварувачката селекција, меѓу кои е екипата на скопскиот Драмски театар  и на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, која исто така освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизода за Емилија Мицевска.

Министерката ги поздрави и не помалку вредните остварувањата кои ги препозна меѓународното жири и за Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и за наградите што ги добија Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“, и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Свечена вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад. Се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во вакви околности Белград не гледа како би можел да продолжи дијалогот со Приштина, вели Петковиќ

Следно

Две лица загинаа, а 13 се повредени во автобуска несреќа во Требиње

Latest from Blog

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за
Go toTop