Азар ќе добие една третина од годишната плата

June 6, 2023
1 min read

Еден Азар го напушти Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот. Белгиецот е најскапото засилување во историјата на Реал.

За неговиот трансфер од Челси, во 2019 година, клубот плати 115.000.000 евра. Четири години подоцна едногласно е мислењето дека Азар е најлошото засилување во клупската историја.

Азар во периодот 2019-2023, одигра само 76 натпревари, постигна седум гола и забележа 12 асистенции. Особено тажна за него е штотуку завршената сезона, во која одигра помалку од 400 минути.

Белгиецот имаше договор со шпанскиот гигант и за следната сезона, но сфати дека нема смисла само да седи и да зема плата. Тој не сакал клубот да му ја исплати последната година од договорот, станува збор за бруто плата од 28 милиони евра.

Реал на неговиот џентлменски потег одговори со иста таков потег. Наместо да ја прифатат неговата понуда да си замине без обештетување, мадридскиот гигант ќе му исплати на Азар третина од договорената плата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Иран ја претстави првата хиперсонична балистичка ракета

Следно

МААЕ за оштетувањето на браната во Украина: Нема директна опасност за нуклеарната централа Запорожје

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop