МААЕ за оштетувањето на браната во Украина: Нема директна опасност за нуклеарната централа Запорожје

June 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес потврди дека „не постои непосреден ризик за безбедноста“ на нуклеарната централа Запорожје по оштетувањето на украинската брана „Каховка“, јавува Анадолу.

Во соопштението на Агенцијата објавено на Твитер се вели: „МААЕ е свесна за извештаите за причинетата штета на украинската брана ‘Каховка’; експерти на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје внимателно ја следат ситуацијата; не постои директен ризик за нуклеарната безбедност во централата“.

Експлозиите во хидроелектраната „Каховка“ во близина на Керсон, на југот на Украина, денес предизвикаа поплави, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на Твитер напиша дека уништувањето на браната „потврдува пред целиот свет дека тие (руските сили) мора да бидат протерани од секој агол на украинската територија“.

„Сите служби работат. Го свикав Советот за национална безбедност и одбрана“, рече тој.

Од друга страна, челникот на градот Нова Каховка, на источниот брег на реката Днепар, кој е под руска контрола, преку Телеграм рече дека нападите во текот на ноќта на украинските вооружени сили довеле до уништување на вентилите, а со тоа и за неконтролирано ослободување на водата низводно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азар ќе добие една третина од годишната плата

Следно

Софиското обвинителство предложи да му се одземе имунитетот и на Петков, тој вели дека самиот ќе се откаже од него

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop