Во текот на ноќта Русите извршија серија нови воздушни напади врз Киев

June 6, 2023
1 min read

Очевидци за Ројтерс изјавија дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана

Русија започна нов бран воздушни напади врз Киев во текот на ноќта, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесе Ројтерс.

„Сите беа соборени, немаше удари“,

информира на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Ројтерс соопшти дека не може независно да го потврди извештајот.

Очевидци за Ројтерс изјавија дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана. Градот, инаку, беше под предупредување за воздушен напад повеќе од четири часа, почнувајќи нешто по полноќ во вторникот.

Отпадоците што паѓаа ги погодија површините на патиштата и ги оштетија далноводите за тролејбусот во киевскиот кварт Деснијански, соопшти армијата.

Според прелиминарните информации, нема жртви, соопштија официјални лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ ги објави првите две летни засилувања

Следно

(ВИДЕО) Уништена важна брана кај Херсон, Зеленски свика итен состанок

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop