ПСЖ ги објави првите две летни засилувања

June 6, 2023
1 min read

Францускиот фудбалски  шампион Пари Сен Жермен ги потврди првите две летни засилувања. Со денови се шпекулираше за преминот на Мануел Угарте и Марко Асенсио, а денес стигнува и официјална потврда за реализација на двата трансфери.

Угарте е дефанзивен играч за врска, а по потреба може да заигра и на стоперската позиција. 24-годишниот Уругваец доаѓа од Спортинг Лисабон за сума од шеесет милиони евра.

Второто засилување за ПСЖ е искусниот Марко Асенсио, кој пред само три дена се збогуваше со Реал Мадрид и веднаш потпиша договор со францускиот гигант.

Шпанецот доаѓа во ПСЖ како слободен агент и без никаква отштета.

„Светците“ најавија голем „ремонт“ во тимот, заминуваат тренерот Кристоф Галтие и неговиот стручен штаб, како и две од трите најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.

.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити за разрешениот Јовев: Стануваше збор за злоупотреба на работното време

Следно

Во текот на ноќта Русите извршија серија нови воздушни напади врз Киев

Latest from Blog

Божиновска: По 19 години воведуваме нови правила за квалитет на течните горива

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива,

Проданоски ги повика прилепчани на музичка вечер со Side Quest на Камената бина

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните вечерва да присуствуваат на новата музичка вечер во рамки на проектот „Од 0 до КултурА“. На Камената бина, со почеток во 21:00 часот,

Недим Рама: Македонија ќе се поврзе со нови извори на природен гас и LNG терминали

Северна Македонија е на прагот на значајна трансформација на својот гасен систем, со изградба на нови интерконектори, модернизација на националната мрежа и поврзување со регионалните енергетски пазари. Во интервју за МИА, извршниот

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway – дозвола, надоместок и јасно утврдени услови

9 јули 2026 година, Скопје– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел
Go toTop