Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта 05.6.2023

June 5, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер ја промовираа иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта.

Во соработка со Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи во Франција, Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилност, Град Скопје е домаќин на претставници од Академскиот регион кои воспоставуваат соработка со средното училиште Орце Николов кое има франкофонски билингвални паралелки со Филибер Делорм од Ил Д’Або и Васил Антевски Дрен кое во својата програма нуди изучување на францускиот јазик како втор странски јазик во економско-правната струка во текот на четиригодишното образование со Леонардо  Де Винчи – од Вилфонтен, Франција.

Покрај овие училишта кои се вклучени во проектот, делегацијата од Академскиот регион освен училиштата со кои ќе се оствари соработка ќе го посетат и средното угостителско училиште Лазар Танев.

Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи опфаќа три академии, Клермон-Феран, Лион и Гренобл и е надлежен за усогласување и спроведување на политиките на Министерството за национално образование на Франција и воспоставувањето соработка на образовен план со овој Академски регион отвора можности за соработка и мобилности помеѓу француските и македонските образовни установи.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навивачите на Рома не го даваат Мурињо, бараат да остане во клубот

Следно

Русија: Ги поздравуваме сите напори насочени кон мирно решение на војната во Украина

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop