Русија: Ги поздравуваме сите напори насочени кон мирно решение на војната во Украина

June 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес истакна дека ги поздравува напорите насочени кон изнаоѓање „мирно решение“ за војната во Украина од која било држава, откако министерот за одбрана на Индонезија, Прабово Субианто, изнесе мировен план, пренесува Анадолу.

„Ги поздравуваме напорите на сите држави што се насочени кон мирно решение на овој конфликт“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Руденко, за државната новинска агенција ТАСС.

„Колку што знам, немаме никакви официјални информации за ова, но слушнавме од јавувањата на медиумите“, додаде Руденко.

Планот, претставен на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур во саботата, повикува на итен прекин на огнот, создавање демилитаризирана зона што ќе биде надгледувана од Обединетите нации (ОН) и референдуми во „спорни територии“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта 05.6.2023

Следно

Ахмети: Уставните измени треба да се случат

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop