Навивачите на Рома не го даваат Мурињо, бараат да остане во клубот

June 5, 2023
1 min read

Навивачите на Рома на последниот натпревар од сезоната поставија транспарент со кој го повикуваат Жозе Мурињо да остане во клубот. Португалецот гестикулираше дека нема да замине

Во последното коло од Серија А, Рома синоќа на домашен терен ја победи Специја со 2:1. На една од трибините на стадионот Олимпико за време на натпреварот беше закачен транспарент: „Само еден одговорен – Мурињо 1000 години“.

По натпреварот, шетајќи по стадионот, Мурињо гестикулираше кон теренот, што предизвика бурни реакции кај навивачите. Наводно, Португалецот навестил дека ќе остане во Рома и следната сезона.

Договорот на Жозе Мурињо со Рома е до 2024 година. Претходно беше објавено дека тренерот може да го напушти клубот на крајот на сезоната. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирак сака да ја зголеми соработката со Туркије

Следно

Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта 05.6.2023

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop