АНКАРА (АА) – Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) спроведе операција во Гара, северен Ирак, и притоа го неутрализираше Муслум Урпер, со кодно име „Соро Гуји“, т.н. одговорно лице за испорака на специјалните сили на терористичката организација ПКК/КЏК, известува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, терористот Урпер, кој се приклучил на персоналот на организацијата што делува во руралните предели во 2013 година, бил учесник во уличните протести организирани низ Туркије. Урпер, кој подоцна заминал во Сирија, учествувал во голем број акции организирани против Турција.
Терористот Урпер, кој замина во Ирак во 2015 година, бил следен од МИТ бидејќи бил лице кое доставувало оружје и муниција за терористите учесници во акциите насочени кон турските безбедносните сили.
Терористот Урпер, откако му е утврдена локацијата, неутрализиран е во Гара во операција на МИТ.
Извор: www.aa.com.tr