15 починати при превртување на брод во Нигерија

1 min read

АБУЏА (АА) – 15 лица ги загубија животите, а многумина се водат за исчезнати по превртување на брод во реката Шагари во нигериската државата Сокото, известува Анадолу.

Алију Абубакар, претставник на областа Шагари, за локалниот весник изјави дека бродот кој испловил од селото Дандеџи се превртел во реката Шагари.

Информирајќи дека во текот на спасувачките активности од реката се извлечени безживотните тела на 15 луѓе, Абубакар додаде голем број луѓе се водат за исчезнати.

Активностите за пронаоѓање и спасување на исчезнатите патници се во тек, а Абубакар изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.

Бродски несреќи и превртување на бродови и чамци одвреме-навреме се случуваат во нигериските реки во сезоната на дождови.

Во последната несреќа што се случи во нигериската држава Замфара, 8 лица го загубија животот при потонувањето на бродот со патници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турски МИТ го неутрализираше т.н. одговорно лице за испорака на специјалните сили на терористичката ПКК/КЏК

Следно

ЗАЕДНО ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА БИЕНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА – БИМАС 2023, ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО

Latest from Blog