Преведувачот Игор Поповски ја доби наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански и португалски јазик

May 6, 2023
1 min read

Преведувачот Игор Поповски ја доби наградата „Ванѓа Чашуле“ на издавачкиот центар „ТРИ“ за литературен превод од шпански и португалски јазик за време од 2015 до 2022 година. Наградата беше доделена на штандот на „ТРИ“ на овогодишниот Саем на книга.

Поповски ја доби наградата за преводот од шпански на македонски јазик за книгата „Празникот на прчот“ од Марио Варгас Љоса, во издание на „Полица“, објавена во 2018 година. Книгата е динамично четиво, политички трилер од познатиот перуански романсиер, драматург, новинар, политичар и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 2010 година, а од ноември 2021 и член на Француската академија, велат од „ТРИ“.

„Од комисијата во состав од академик Илија Чашуле, професор Лилјана Митковска и Калиопа Петрушевска, потврдуваат дека преводот на ‘Празникот на прчот’ е деликатна задача пред сè заради богатството и колоритната лексика на шпанскиот јазик, како и суптилните стилски одлики на писателот што се доблесно отсликани во македонскиот превод на ова значајно дело за светската литература“, посочуваат од издавачкиот центар.

Инаку, во најтесниот избор влегоа „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо, превод од португалски јазик на Ненад Трповски, издание на „Антолог“, романот „Татковина“ од Фернандо Арамбуру, превод од шпански јазик на Катерина Јосифоска, издание на „Артконект“, романот „Абадон, уништувачот“ од Ернесто Сабато, превод од шпански јазик на Ненад Велковски, издание на „ТРИ“.

„Со вчерашното доделување на оваа ценета награда се продоложи традицијата и истовремено се одбележа стогодишнината од раѓањето на македонската преведувачка, историчарка, публицистка, учесничка во НОБ и носителка на ‘Партизнска споменица 1941’“, посочуваат оттаму.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ одобри милијарда евра воена помош за Украина

Следно

Осомничениот за масакрот кај Младеновац признал дeка пукал во луѓето, одреден му е притвор

Latest from Blog

Трипуновски: Заедно со општините работиме на развој на руралниот туризам

Нашето министерство преку програмите коишто ги реализира, директно влијае врз егзистенцијата на земјоделците и жителите во руралните општини. Знаете дека преку програмата за директни плаќања, односно субвенциите влијаеме и им помагаме на

Беше најголема холивудска ѕвезда на 90- те, по 30 години се враќа и прв пат раскажува зошто заминала

Алиша Силверстоун (48) стана глобална ѕвезда благодарение на култниот филм „Девојките од Беверли Хилс“ од 1995 година. Набрзо следеше улога во филмот „Бетмен и Робин“, а модните списанија ја прогласија за нова

Скриена здравствена криза: Како да препознаете „прегорување“ на работа

Иако во последниве години сè повеќе се зборува за прегорувањето, тоа останува скриен здравствен проблем. Луѓето кои доживуваат прегорување честопати се чувствуваат засрамено и ретко зборуваат отворено за своите искуства. Проценките сугерираат

Населението во Грција се намалило за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година

Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, исто така и нејзиното демографско стареење, а билансот меѓу наталитет и морталитет ќе остане негативен до 2050 година, пишува во истражувањето
Go toTop