Населението во Грција се намалило за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година

August 23, 2025
1 min read

Намалувањето на населението на Грција во следните три децении ќе продолжи, исто така и нејзиното демографско стареење, а билансот меѓу наталитет и морталитет ќе остане негативен до 2050 година, пишува во истражувањето за демографскиот проблем во Грција спроведено од Лабораторијата за демографски и општествени анализи при Одделот за планирање, урбанизам и регионален развој на Универзитетот во Тесалија, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатите од истражувањето под наслов „Демографско прашање и ниска стапка на раѓање во денешна Грција денес: демографски инерции и социјални предизвици“, покажуваат дека во периодот 2011 – 2024 година, популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица, а во 2023 година бројот на новородени бил 72,3 илјади, што е речиси половина од годишниот просек во 1951-1970 година.

Авторката на истражувањето доцент и директор на Лабораторијата Ифигенија Кокали, посочува дека демографското прашање е еден од најголемите предизвици во Грција, според податоците од последните децении, „населението на земјата се намалува и старее“, а намалувањето на популацијата започнало во 2011 година.

– Грција денес, освен што е релативно остарена земја (речиси 23 отсто од нејзините жители се на возраст над 65 години, додека, во 2023 година, оние на 65+ години беа речиси еден милион повеќе од младите на возраст од 0-14 години), бележи една од најниските годишни стапки на фертилитет во Европската Унија. Меѓугенерацискиот фертилитет се движи од 1,3-1,4 деца по жена (за генерациите родени околу 1980 година), односно значително е под границата на репродукција (2,07 деца/жена). Исто така, постои прогресивно зголемување на стапките на лица без деца, што за генерациите околу 1980 година, се однесуваат на приближно едно од пет лица, пишува во извештајот.

Причините за оваа ситуација, според анализата, „не се само во областа на демографијата, туку се однесуваат и на социјалните предизвици со кои се соочи Грција во последните децении“.

За намалувањето на популацијата во земјата значајна улога игра и отселувањето на младите во странство, но и социјалните политики, „пред сè, условите за живот и работа“ и потребни се „драстични подобрувања во речиси сите области од секојдневниот живот: домување, работа, здравство, образование, бенефиции за семејството и децата итн“.

-Важно е да се разбере дека не постојат никакви шанси младите да се убедат дека треба да имаат (повеќе) деца „за доброто на татковината“, како што често се сугерира во јавниот дискурс. Секако ниту може да биде поттик каква било повремена политика на бенефиции (како на пример бонус за раѓање), која не им дава никаква гаранција на младите родители дека ќе можат да се справат со обврските околу одгледувањето едно или повеќе деца, со поддршка од државата, барем до полнолетството на децата, пишува авторката на истражувањето.

Посочува дека дискусијата треба да се фокусира на подобрување на условите за живот – вклучително и условите за домување – на младите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем му одржа лекција на Сити

Следно

Скриена здравствена криза: Како да препознаете „прегорување“ на работа

Latest from Blog

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека

Димитриеска-Кочоска: Нема лиценца без проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Министерството за финансии продолжува со имплементацијата на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни, со цел воспоставување современа регулатива, посилна контрола

Од февруари, над 310 илјади прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2 февруари до 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, од кои 301.835 се однесуваат на надминување на дозволената брзина.
Go toTop