Осомничениот за масакрот кај Младеновац признал дeка пукал во луѓето, одреден му е притвор

1 min read

Осомничениот за масовните убиства во околината на Младеновац и Смедерево признал дека со автоматска пушка и пиштол на три различни локации пукал во луѓе кои не ги познава, за да ги исплаши жителите ,се наведува во соопштение од Вишото јавно обвинителство во Смедерово. Како што пренесува РТС, на осомничениот Урош Б. му е одреден притвор по неколку основи – поради опасност од бегство, да не го повтори делото и поради предизвикување вознемирување на јавноста.

Урош Б. се гони поради убиство на осум лица со автоматско оружје и обид за убиство на уште 12 други лица на територијата на Смедерово и Младеновац, во доцните вечерни часови на 4 мај.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, при претрес на осомничениот и просториите што ги користел, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција, додека при бегство од местото, неовластено употребил туѓо моторно возило, а потоа им се заканувал на таксисти и патници со бомба во близина на наплатната рампа „Мали Пожаревац“.

„На овој начин го принудил таксистот да го однесе во село на територијата на општина Крагуевац, каде осомничениот бил пронајден во утринските часови на 5 мај во зграда сопственост на неговиот вујко,“

наведуваат од Вишото јавно обвинителство.

Дел од жртвите во селата Дубона и Мало Орашје беа погребани денеска.

Масакрот во Младеновац се случи за неполни 48 часа од масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, каде 13-годишниот ученик Коста К. уби вкупно деветмина (чуварот и осум деца) и рани седуммина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Преведувачот Игор Поповски ја доби наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански и португалски јазик

Следно

Рафаел Леао не е сериозно повреден

Latest from Blog