Турските сили во изминатите 10 дена неутрализираа речиси 50 терористи во северна Сирија и Ирак

May 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Нагласувајќи дека ќе продолжат напорите на Туркије со сите средства против прекуграничните закани и опасности, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека турските безбедносни сили во изминатите 10 дена неутрализирале речиси 50 терористи во северна Сирија и Ирак, јавува Анадолу.

„Според вестите што штотуку ги добивме, осум терористи се неутрализирани синоќа во северна Сирија. Со тоа, бројот на неутрализирани терористи во последните 10 дена достигна речиси 50“, рече Акар на настан во централната турска област Кајсери.

Потсетувајќи на успесите на турските војници во борбата против тероризмот во тие региони, Акар рече дека заканите од терористичките организации кон Туркије продолжуваат и покрај решителните напори на турските војници против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци.

„Тие се обидуваат да го загрозат нашето единство, солидарноста, суверенитетот и безбедноста. Со спроведените антитерористички операции, од 24 јули 2015 година неутрализирани се најмалку 37.793 терористи“, додаде тој.

Истакна дека ќе продолжат напорите за борба против тероризмот додека границите на Туркије не бидат безбедни, и сè додека луѓето не се безбедни.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. Таа, исто така, има огранок во северна Сирија познат како ЈПГ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Делегација од Град Скопје положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев 04.5.2023

Следно

Зеленски го повтори повикот за формирање меѓународен трибунал за Русија

Latest from Blog

Промет од 72,8 милиони денари на Македонската берза неделава – најголема трговија со акциите на Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои 62.572.975 денари беа реализирани

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека
Go toTop