ЖИВОТОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, ЗАТОА И ТАНЦОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, ВЕЛИ КИНЕСКАТА ТАНЧАРКА ЈАНГ ЛИПИНГ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ПОРАКА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

April 29, 2023
1 min read

„Танцот може да се сподели, но не може да се поседува; танцот може да се активира, но не е статус за парадирање“, вели короеграфот и танчар Александар Георгиев, автор на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот 29 април. Организатори на дигитално одбележување на овој ден се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

Георгиев е танчер, кореограф, перформер кој живее и работи во Шведска, Бугарија и Македонија. Тој вели дека танцот е тука, и постојано е присутен.

Оваа порака, како што наведува, би ја дополнил со тоа дека треба да дозволиме танцот да ја добие својата автономија, своето застапување и својата независност, затоа што е тука и му треба континуирана еманципација.

„ Јас немам никакво право да зборувам во името на танцот, можам само да се залагам и да лобирам за моите перспективи во танцот. Мојата перцепција е дека танцот не треба и не може да се приватизира, бидејќи јас го гледам како индивидуално перципирана и преживеана, колективна практика“, вели Георгиев.

Авторка на светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот е кинеската танчерка и кореограф Јанг Липинг. Таа нагласува дека животот не престанува, затоа и танцот не престанува.

„ Танчерите и кореографите треба да ги наслушнат многу внимателно радостите и тагите на светот, користејќи го танцот, за да го заокружат дијалогот со нашата природа, како и животот на природата кој трае подолго од илјадници години. Денес, нема да продолжам да ја споделувам само културата на танцот во светот, туку се надевам дека ќе успеам да ги поканам сите танчери на светот кој го љубат танцот и кои сакаат да ги изразат своите емоции низ танцот; да се вклучат танцувајќи со цел заедно да ги возљубиме и почитуваме небото и земјата. Животот не престанува, затоа и танцот не престанува“, порачува Јанг Липинг.

По повод Меѓународниот ден на танцот денеска во 14 часот во „Ист гејт мол“ ќе има танц перформанс од над 1.000 танчери од повеќе танц студија од земјава. Во 20 часот, во КСП Јадро ќе се изведе премиерна изведба на делото „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тројца скопјани вчера биле каснати од улични кучиња

Следно

Грчки научник: Турските земјотреси се меѓу најсилните регистрирани досега

Latest from Blog

Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше. Марсиал во

Фон дер Лајен најави воведување на возрасна граница за користење социјални мрежи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто

Филип Поповски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Битола – Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во општина Битола. Поповски е вонреден и редовен професор на Техничкиот факултет при

ВМРО-ДПМНЕ: Месечната стапка на инфлација во август, споредено со јули, се намали од 4,9 на 4,4 проценти

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга
Go toTop