Украина: Протекувањето на документите е руска операција за дезинформирање

April 7, 2023
1 min read

Протекувањето доверливи документи во кои се опишани плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев се чини дека е руска дезинформативна операција заради поттикнување сомнеж за планираната украинска контраофанзива, изјави денеска Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски.

Подољак за Ројтерс изјави дека документите што ги објави Њујорк Тајмс содржат „многу голема количина на фабрикувани информации“. – Ова се само стандардни елементи на оперативните игри на руското разузнавање. И ништо повеќе, рече Подољак во писмената изјава, пренесува Скај Њуз.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека Пентагон истражува како документи со детали за плановите за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива биле објавени на социјалните мрежи оваа недела.

„Русија на сите начини се обидува да ја врати иницијативата“, рече Подољак. „Таа се обидува да влијае на сценаријата за украинските планови за контраофанзива. Сака да внесе сомнеж, да ги компромитира идеите и конечно да нè исплаши колку се „информирани“, додаде тој.

Украинските сили со месеци се соочуваат со руски напади на истокот на земјата, концентрирани околу градот Бахмут. Украина се надева дека ќе започне контраофанзива во наредните недели или месеци за да ја врати територијата што сега е под руска контрола.

„Њујорк тајмс“ објави дека се чини дека документите се модифицирани во одредени делови, односно нивната содржина е малку изменета во однос на она што било во оригиналите. Во еден дел е претставена проценка за загубите на украинската војска, но таа е многу повисока од досегашните западни проценки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска изврши увид во изградбата на клучка на булеварите „Никола Карев“ и „Осми Септември“

Следно

Претседателите на Кина и Франција се заложија за враќање на мирот во Украина

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop