Цеца ја започна традицијата на астрономски хонорари во Будва: Новогодишната програма сега чинеше половина милион евра

January 4, 2023
1 min read

Речиси половина милион евра чинеше тридневната новогодишна програма во Будва, од кои нешто повеќе од 300.000 евра се уплатени на сметките на музичките ѕвезди, објави црногорскиот весник „Вијести“.

Тридневната програма и исклучително убавото време привлекоа повеќе од 55.000 посетители во Будва. Организаторите за „Вијести“ потврдија дека најплатена музичка ѕвезда бил Дино Мерлин, за чиј ангажман Туристичката организација платила 90.000 евра.

Хрватската ѕвезда Златан Стипишиќ – Џибони доби 80.000 евра за новогодишниот настап. Настапот на Џибони беше закажан за 2022 година, но беше откажан поради пандемијата. Потоа му била платена половина од хонорарот.

Додека хонорарот за групата Дубиоза колектив изнесувал 45.000 евра.

Традицијата на астрономски хонорари во Будва ја започна фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која пред 18 години беше платена 100.000 евра за половина час настап на плоштадот пред Стариот град.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгоре викендичка на тетовско Кале, пожарот го гаснеле 12 пожарникари

Следно

Тага во Вест Хем, почина претседателот на клубот

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop