Тага во Вест Хем, почина претседателот на клубот

January 4, 2023
1 min read

Дејвид Голд, еден од двајцата претседатели на Вест Хем, почина денес на 87-годишна возраст, објави фудбалскиот клуб.

-Со длабока тага Вест Хем може да потврди дека еден од претседателите на клубот, Дејвид Голд, почина мирно утрово по кратко боледување, соопштија од клубот.

-Сите ние во клубот, со длабока тага и скршено срце жалиме за смртта на нашиот колега и пријател Дејвид“, изјави Дејвид Саливан, кој ја дели функцијата претседател на клубот со Голд.

-Од целата наша заедничка работа, ниту една не ни донесе толку среќа и не направи толку горди како денот кога го презедовме Вест Хем, нашиот клуб, во 2010 година. Дејвид има долга и нераскинлива врска со клубот, растејќи покрај Бојл Граунд и играјќи за клубот во младинските редови. Тој секогаш го сакаше само она што е најдобро за Вест Хем и неговата смрт е тешка и огромна загуба за сите нас, додаде Саливан.

Дејвид Голд е роден на 9 септември 1936 година. Тој беше претседател на Бирмингем до 2009 година, а од 2010 година до неговата смрт беше копретседател на Вест Хем.

По кратко боледување почина во својот дом опкружен со најблиското семејство.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Цеца ја започна традицијата на астрономски хонорари во Будва: Новогодишната програма сега чинеше половина милион евра

Следно

Несреќа во Бугарија: Пожар избувна во патничкиот воз Варна – Софија

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop