Вчера пред Белата куќа се слушна: „Мишел Обама е маж“ (ВИДЕО)

June 15, 2026
1 min read

УФЦ борецот Џош Хокит се соочи со остри критики за невкусниот коментар за поранешната прва дама Мишел Обама по победата во борбата одржана синоќа на јужниот тревник на Белата куќа, како дел од борбениот настан „UFC Freedom 250“, кој го промовираше самиот претседател Доналд Трамп. Хокит, покрај контроверзната изјава, по натпреварот на претседателот Трамп му подари златен ланец.

За време на разговорот со познатиот подкастер и коментатор на „UFC“ Џо Роган, Хокит го заврши своето интервју по борбата со насмевка и гледање директно во камерата велејќи: „И конечно…Мишел Обама е маж! Дали сум во право Америка?“

Оваа загатка е очигледна референца за теоријата на заговор за поранешната прва дама што се прошири на политичката десница во последните години, промовирана од некои конзервативни аналитичари.

Осуди од светот на спортот и политиката

Бројни личности од спортот, политиката и поп културата го осудија испадот на Хокит. “Џош Хокит ја добива најголемата борба во кариерата во Белата куќа и решава да го заврши интервјуто нарекувајќи ја Мишел Обама маж. Колку е срамота”, напиша на социјалните мрежи поранешниот бек на НФЛ и спортски коментатор Роберт Грифин Трети. „Треба да си навистина мал маж за да го искористиш најголемиот момент за да нападнеш жена нарекувајќи ја маж.

Демократскиот национален комитет од своја страна објави портрет на Мишел Обама со порака дека таа „живее во нивните глави“.

Дејв Портној, основач на порталот „Barstool Sports“ и инаку поддржувач на претседателот, го повика Трамп да ја осуди изјавата на Хокит. „Тоа е УФЦ, тие се луди. Тие се идиоти. Но, кога тоа ќе се случи на тревникот во Белата куќа на настан што ќе го приредите… Не ми е гајле што мислите за Обама или нешто друго. Тоа мора веднаш да се осуди“, рече Портној.

Невиден спој на политика и спорт

Пратеникот Хоакин Кастро, демократ од Тексас, го повика медиумскиот гигант Парамаунт, кој го емитуваше настанот. „Па дали е ова ѓубре што можеме да го очекуваме од „CBS“ сега“, праша демократот.

Настанот во неделата ги спои политиката и спортот на невиден начин и послужи како најнов пример за блиските врски на Трамп со „UFC“ и нејзиниот извршен директор Ден Вајт.

Претседателот го прослави настанот во објава на „Truth Social“ неделата вечерта, нарекувајќи го „неверојатен“ и додаде: „Белата куќа никогаш не изгледала поубаво.

Извор: Индекс.хр

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Следно

Де ла Фуенте: Немавме свежина, но требаше да победиме

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop