Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да дојде до својата шеста шампионска титула, но да видиме, ова е само првиот меч на СП. Мароко добар, знае што сака, веројатно ќе нема проблем за да се пласира во нокаут – фазата.
Саибари и Винисиус беа стрелците, уште во првото полувреме, на овој меч кој заврши без победник.
Инаку Африканците започнаа подобро, подобро го отворија мечот. Уште во првите минути Мазрауи се закани, но првата вистинска шанса ја видовме во 14.минута кога Игор Тиаго со глава биеше покрај голот на Боно.
И тогаш “екпслозија“, Диаз прекрасно го проигра Саибари а овој откако се најде сам пред Алисон убаво го лобуваше со што постигна прекрасен гол за водство од 0:1.
Се играше 32.минута кога Бразил врати, и тоа со голот на мега – ѕвездата на Реал Мадрид, Винисисус кој од лево убаво шутираше во спротивниот агол за 1:1, за еуфорија кај Бразилците.
Бразил можеше со водство да замине на пауза, ама прекрасниот удар на Пакета, полуволеј, голманот на Мароко го одбрани одбивајќи ја топката во корнер.
Во второто полувреме прв се закани Бразил, и одново преку Игор Тиаго, но и сега шпицот на “кариоките“ немаше среќа, путираше под пречката, ама Боно со прекрасна парада успеа да одбрани.
Анчелоти потоа направи неколку измени, Бразил беше пограсивен, а Мароко како да се повлече, не сакаше ништо да ризикува. Во 78.минута Рафиња шутираше, откако претходно проигра си Вини, но Боно и сега беше одличен на голот. Во самиот финиш, во 90+8.минута имаше шанса за победа, преку Аунауи, ама Алисон во два наврати одлично одбрани.
На крајот, откако изминаа и десетте минути судиско продолжение, Бразил – Мароко 1:1.
Извор: vecer.mk

