За Петровска техничката влада е неопходна до влез во ЕУ

June 8, 2026
1 min read

Во вешерашното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ ги спротивставија своите ставови околу функционалноста на институциите, потребата од техничка влада и предложените измени во
Изборниот законик.

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, ја нагласи важноста на парламентарниот надзор, особено врз безбедносните служби, посочувајќи дека во минатото честопати биле соочувани со изговори при обидите да извршат контрола.

Таа истакна дека државните институции и економијата се соочуваат со предизвици не само за време на техничка влада, туку и за време на локални избори поради рестрикциите во Изборниот законик.

Во однос на т.н. „Пржинска влада“, Петровска потсети дека таа беше воспоставена со заедничка согласност на сите политички чинители.

„Нашиот став е дека техничката влада треба да постои до влезот на Македонија во Европската Унија, онака како што начелно беше побарано и договорено во 2018 година.

Обидот за нејзино укинување сега, преку скратена постапка, само ја потврдува тезата дека опозицијата се премислува според своите моментални потреби“, изјави Петровска, критикувајќи ја и нетранспарентноста на дел од министрите при одговарање на пратенички прашања.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изрази загриженост поради најавите на СДСМ за блокирање на измените во Изборниот законик преку „филибастеринг“ (долготрајни говори). Тој појасни дека предложените измени во голема мера ги инкорпорираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои имаат за цел да ја олеснат работата на Државната изборна комисија (ДИК).

„Загрижува најавата дека СДСМ планира да го блокира законот кој содржи европски препораки за поефикасни избори. Како претседател на Комисијата за европски прашања, нема да дозволам злоупотреба на европското знаменце за закони кои не се директно поврзани со усогласувањето со правото на ЕУ, само за да се избегне дебата“, истакна Милошоски.
Тој додаде дека инсистирањето на СДСМ за задржување на техничката влада е всушност обид на партиското раководство да најде изговор за претстојните изборни резултати. „Очигледно е дека СДСМ бара алиби за следниот изборен пораз преку одржување на овој модел на влада“, заклучи Милошоски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако повторно колабираше: Ериксен ќе престане да игра фудбал!

Следно

Меркел се враќа на голема врата?

Latest from Blog

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува – во рекорден рок саниран проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна

Емотивно збогум на стручниот штаб од Дешамп

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Искусниот стратег, Дидие Дешамп не успеа да ја напушти репрезентацијата на Франција со медал на Светското првенство, но неговиот тренерски штаб знаеше колку ја ценат соработката со него. Дваесет и еден

Нетанјаху оди кај Трамп со доверливи информации: „НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Е НЕИЗБЕЖНА“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да презентира нови разузнавачки податоци за напорите на Иран да ги обнови своите воени и нуклеарни програми за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на
Go toTop