И денеска се полни дупката на „Теодосиј Гологанов“

May 29, 2026
1 min read

Камиони натоварени со земја и денеска влегуваа и излегуваа од булеварот Теодосиј Гологанов.

На местото каде што до пред неколку дена се отвори огромна дупка поради свлечиште, сега надлежните се обидуваат да ја санираат штетата.

Јамата на која требаше да никне петкатница, се затрупува со илјадници тони земја. Според проценките, ќе бидат потребни околу 300 камиони и над 2.400 тони земја за целосно да се пополни просторот.

Едната лента од булеварот и денеска остана затворена за сообраќај. Но, наместо полиција, безбедноста на терен ја регулираа работници од градилиштето. Граѓаните велат дека и натаму се плашат за безбедноста.

„Како нема да бидете загрижени за безбедноста, тоа е нормално. Сега кој како мисли и што мисли тоа е на нив. Со градските власт ја немам работа, ниту со едни ниту со други, како мислат така нека прават. Ние си го гледаме својот живот па сега како мислат тие за нас тоа е до нив. Би требало да се поведе сметка и тоа многу убаво. Ова не се знае еден до друг се, комшијата знае што прави“ – ни изјави една граѓанка.

„Нормално дека сум загрижена, без коментар“ -додаде друга граѓанка.

На само неколку метри подолу, на улицата „Христо Смирненски“, со слични маки се соочуваат и овие жители. Асфалтот пропаѓа од двете страни, а како што велат, единствена интервенција што ја добиваат е дупките повторно да се полнат со земја.

Сметаат дека градежните активности веќе предизвикуваат ерозија на земјиштето со што се загрозува безбедноста на целата улица. Стравуваат дека ако продолжи пропаѓањето, двата оштетени дела на коловозот може да се спојат, а во дупката да заврши и автомобил.

Од Општина Центар и денеска без одговор на прашањата на Телма за состојбата на терен и за поплаките на граѓаните.

Пред само неколку дена, градилиште на булеварот Теодосиј Гологанов го проголта тротоарот, а дел од коловозот пропадна во огромна дупка. Одронувањето на земјата урна и две бандери.

Деканот на Градежниот факултет предупреди дека јамата мора што поскоро да се затрупа, бидејќи постои опасност да бидат загрозени и околните објекти. Според него, на терен немало и соодветен надзор кој би реагирал навреме. Документи до кои дојде Телма покажуваат дека жителите од соседната зграда уште претходно барале вонреден инспекциски надзор, предупредувајќи на опасноста од градбата. Но, од инспекциските служби тогаш било посочено дека во таа фаза не биле утврдени неправилности.

Жителите реагирале и за бучава, работа во недела и зафаќање на булеварот. Велат наместо решение, проблемите со месеци само се продлабочувале.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција: Гордон во Барселона до 2031!(ФОТО+ВИДЕО)

Следно

Службеник на ЦИА обвинет за кражба на злато во вредност од 40 милиони долари

Latest from Blog

Војна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Во Атлетико Мадрид се гневни поради гласините што го поврзуваат ѕвездениот играч на тимот, Хулијан Алварез, со трансфер во Барселона. „Јорганџиите“ веќе уверија дека шпекулациите не се точни, а сега отидоа

Службеник на ЦИА обвинет за кражба на злато во вредност од 40 милиони долари

Судијата го одложи неговото прво појавување пред суд до следната недела, објавува „Гардијан“. Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната разузнавачка агенција (ЦИА), наводно зел 303 златни прачки, секоја со тежина од

Петрова бара од Македонија да не влегува во конфликт со Бугарија, туку да ги исполни обврските за ЕУ

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова испратила јасен сигнал до нашата држава дека Бугарија нема да се повлече од она што било договорено во 2022 година, додавајќи дека патот на
Go toTop