Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

May 26, 2026
1 min read

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови.

„Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена“.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD), готовинско плаќање (CASH).

„Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
црвен икс (X) – означува затворена лента.

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

Ова известување се објавува со цел благовремено информирање и прилагодување на корисниците кон измените во системот за наплата“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишан Меморандум за разбирање и за соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка , можности за нови проекти и инвестиции  

Следно

САД извршија напади врз Иран, Техеран се заканува со одмазда

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop