Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

May 25, 2026
1 min read

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок на двете делегации, како и потпишување договори за стратешка соработка, Меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за заштита на животната средина и зелена транзиција на Хрватска.

Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните на Охрид дека во вторник, на 26 мај 2026 година, поради престојот на Премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во Охрид, ќе бидат на сила одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид.

– Станува збор за потегот на булевар „Туристичка“, булевар „Св. Наум Охридски“ и Стар град. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на измените на режимот на сообраќај, потенцираат од СВР Охрид.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алегри: За жал, ова е спорт, мора да го прифатиме тоа!

Следно

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во
Go toTop