Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, стана најдобар стрелец во Премиер лигата во сезоната 2025/26. Во 35 натпревари оваа сезона, Норвежанецот постигна 27 гола. Игор Тијаго од Брентфорд заврши втор на листата на стрелци со 22 гола.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш испиша историја, како најдобар асистент низ историјата на натпреварувањето. Капитенот на Манчестер Јунајтед имаше 21 асистенција, поставувајќи нов рекорд.
Голманот на Арсенал, Давид Раја, е најдобар голман по број на натпревари без примен гол, со 19 натпревари со „чиста мрежа“.
Извор: vecer.mk


