Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

April 24, 2026
1 min read

На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со гастрономски понуди, музика и културни содржини инспирирани од европската традиција и современ живот.

Настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до публиката, создавајќи простор за дружење, размена на идеи и уживање во уникатни вкусови. Преку внимателно осмислена атмосфера, Паркот на Франкофонијата ќе се претвори во место каде што се спојуваат гастрономијата, уметноста и духот на Европа.

Посебен акцент ќе биде ставен на учесниците кои ќе ги претстават своите кулинарски специјалитети, како и на музичката програма која ќе понуди динамично и пријатно искуство за сите генерации.

Забавата почнува со програма за најмладите:

Поточиња

In The Mood

DJ Carlito

Via Skopje

DJ Александар Јорданов

Куку Леле (завршница на вечерта)

Ова случување претставува можност за уживање, инспирација и заедничко одбележување на европските вредности во урбано и отворено опкружување.

Проектот е составен дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џалали: Русија нема да плаќа транзитни такси за премин низ Ормуска Теснина

Следно

Wolt стартува и во Тетово со промоции за новите корисници

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop