Screenshot

Wolt стартува и во Тетово со промоции за новите корисници

April 24, 2026
1 min read

Тетово е новиот град во кој официјално стартува Wolt, како дел од поширокото ширење на платформата на македонскиот пазар. Со тоа, корисниците добиваат полесен пристап до локални ресторани и производи, директно преку апликацијата.

Wolt, технолошката платформа позната по брза и едноставна достава, продолжува да ја шири својата мрежа во Македонија. По Скопје и Битола, услугата сега станува достапна и во Тетово, носејќи им на жителите на градот уште поедноставен начин за нарачка на храна и други производи од локални партнери.

 

По повод стартот во Тетово, новите корисници ќе можат да користат 30% попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава. Целта е уште од самиот почеток корисниците лесно да ја испробаат платформата и да ја почувствуваат практичноста што Wolt ја нуди во секојдневието, со пристап до локални ресторани и малопродажни партнери кои веќе се достапни во градот, заедно со низа попусти и промоции. Дополнителни поволности носи и Wolt+, претплатничката услуга на платформата, која овозможува пониски трошоци за достава и други бенефити за корисниците.

Почетокот на работењето ќе биде одбележан и со јавен настан во Fratelli – Kitchen & Bar, во сабота, од 12 до 16 часот, каде посетителите ќе можат да уживаат во пијалаци и закуски, како и во дополнителни изненадувања. Во рамки на настанот ќе биде организирано и „тркало на среќата“, преку кое корисниците што ќе ја преземат или веќе ја имаат инсталирано апликацијата ќе можат да освојат Wolt подароци.

Со влезот во Тетово, Wolt отвора нови можности и за локалните бизниси, овозможувајќи им пристап до поширока база на корисници и дополнителен дигитален канал за раст. Воедно, платформата создава и флексибилни можности за заработка за сите оние кои избираат да работат според сопствени услови, додека истовремено придонесува за поголема удобност во секојдневието на жителите.

„Возбудени сме што го носиме Wolt и во Тетово и што го продолжуваме нашиот раст во Македонија,“ изјави Огњен Љумовиќ, одговорен за продажба и бизнис лидер за Македонија во Wolt. „Со добар избор на локални ресторани и трговци, го правиме секојдневието поедноставно за жителите, а воедно создаваме нови можности за локалните бизниси и за луѓето кои бараат флексибилни начини за заработка.“

Ова проширување е дел од пошироките планови на Wolt за натамошен раст на пазарот, а компанијата најавува дека и во следниот период ќе продолжи да ја шири својата мрежа и во други средини.

За Wolt

 Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, чија мисија е да донесе радост, едноставност и можности за заработка во секојдневието на локалните заедници. Wolt развива платформа за локална трговија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи, со луѓе и бизниси што се подготвени да ги продаваат и доставуваат. Компанијата е основана во 2014 година и во 2022 година ѝ се придружи на DoorDash (NASDAQ: DASH). Во 2025 година, DoorDash ја стекна и Deliveroo, дополнително проширувајќи го своето глобално присуство. Денес, заедно оперираме во повеќе од 30 земји. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Wolt.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

Следно

Комерцијална банка Скопје (KMB) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,16%

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,

Божиновска: Потпишан грант од 2,4 милиони долари за подготовка на когенеративната централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop