Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

March 23, 2026
1 min read

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДС, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно.

-Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет.Она со кое што можеме да се согласиме, е дека сите оние мерки коишто, СДСМ деновиве ги истакнуваат, не се исклучени, вели Ласовска.

Ласовска посочи дека залихите на деривати се доволни, па граѓаните не треба да се грижат за поскапување.

-Не е точно дека се покачиле горивата, дизелот само ќе се покачи 3 и пол денари. Она што како Влада вчера јасно се стави до знаење, е дека од денес ќе имаме практично 30 дневна кризна состојба, деривати имаме доволно. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачуваат цените на горивата, а со тоа значи и дека нема да се одврти онаа спирала на покачување. Ќе интервенира Владата. Оваа мерка е сега почетна. Како што кажавме, може да биде и до 0%. Сега е на 10% ДДВ-то, може да дојде до 5%, може и до 0, истакна Ласовска и додаде:

„Не значи дека за овие две недели нема да интервенираат, доколку нешто се случува. Она што може Владата да интеревенира, го прави сосема навремено“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Следно

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop