Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков

March 20, 2023
1 min read

На Веб-страницата dimkamiteva.mk е објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков по повод 80 години од неговото раѓање.

Автор на Зборникот е проф. д-р Димка Митева. Тој е во дигитална форма и има слободен пристап за сите интернет-корисници. Содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и др. На страниците на Зборникот се објавени и околу 40 статии напишани пак од перото на д-р Митева, а посветени на акад. Маџунков: акад. Ацо Шопов, акад. Петре М. Андреевски, акад. Блаже Конески, акад. Божо Видоески, акад. Петар Илиевски, акад. Катица Ќулавкова, акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер, на колеги, соработници (Васе Манчев), врсници на акад. Митко Маџунков (д-р Вангелија Десподова и д-р Љубица Станковска). Неколку текстови се однесуваат на настани во кои се зборува за значајни датуми од историјата на македонскиот јазик (инаку, некои од нив и денеска многу актуелни) и на рецензентите д-р Гоце Цветановски и д-р Бобан Карапејовски.

Акад. Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Стру­мица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го по­стиг­нал во текот на 50 години напорна работа.

Творештвото на академик Маџунков е општо познато и ви­со­ко вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се за­ки­тени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно ро­ман­сиерско мајсторство.

Не­гово­то творештво e пре­ве­дувано на aнглиски, германски, француски, италијански, руски, бугар­ски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе ан­тологии и избори. Добит­ник е на повеќе книжевни
на­гради и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, ро­ман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Ма­ке­­дон­ската книжевна фондација, роман на годината на Утрински вес­ник; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот ро­ден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната на­гра­да „11 Октомври“.

За член на Македонската академија на науките и умет­нос­ти­те, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за ре­до­­вен член на 1 мај 2007 година.

Ве молам, преку културната редакција во Вашиот медиум, соодветно да ја проследите оваа информација до јавноста. Истовремено, со ова известување авторот Ви дозволува, преку Вашите медиуми слободно да ја споделувате содржината на линкот од Веб-страницата www.dimkamiteva.mk/зборник-во-чест-на-академик-митко-маџунков .

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видео: Верижен судир на „Партизански одреди“

Следно

Ѓукановиќ не се дава: Знаеме каде е „резервоарот“ за вториот круг, ќе го активираме за конечен триумф

Latest from Blog

Бразилецот Жоржињо го напушта Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона, ги договорил личните услови со Фламенго и наскоро се очекува да потпиша договор, кој најверојатно ќе има важност на три години. Жоржињо,

Меџити со порака за Таравари: Вреди одлучи – светлата се гасат за лицемерието

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, преку Фејсбук му испрати порака на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Меџити информира дека коалицијата Вреди вечерва донела одлука дека светлата се гасат за лицемерието. „Те

Мерц положи заклетва како 10-ти канцелар на Германија

Германскиот конзервативец Фридрих Мерц денеска положи заклетва како канцелар пред претседателот Франк-Валтер Штајнмајер. Мерц (69) беше избран за канцелар на второто гласање во Бундестагот. „За“ Мерц гласаа 325 од вкупно 630 пратеници,

Селими во Отворено: Оваа влада има сериозен проблем со етничкиот легитимитет

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во Отворено рече дека оваа влада има проблем со етничкиот легитимитет. Според него, постојат неколку проблеми кои го отсликуваат политичкото претставување на албанците во македонската влада. „Оваа влада

Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, го заборава дипломатскиот протокол и си игра со оган во матните води на внатрешната политика на Северна Македонија, пишува БЛИЦ.МК Наместо достоинствено да ја
Go toTop