Селими во Отворено: Оваа влада има сериозен проблем со етничкиот легитимитет

May 6, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во Отворено рече дека оваа влада има проблем со етничкиот легитимитет.

Според него, постојат неколку проблеми кои го отсликуваат политичкото претставување на албанците во македонската влада.

„Оваа влада има сериозни проблеми со етничкиот легитимитет но јас мислам дека овој момент со Таравари креира нова политичка ситуација во нашата земја. Барем по мое видување и имаме 3 сериозни проблеми. Првиот сериозен проблем е што ние имаме сериозен обид за асимилација на политичкото делување на Албанците како автономни и независни политички партии кои ги претставуваат Албанците. Кога го велам тоа мислам во насока дека зошто еден Албанец би бил политички активен во албански политички субјект поради тоа што нашата реалност е дека политичките партии се креирани врз основа на етнички заедници. Зошто еден Албанец би бил политички активен ако не може да избира кој ќе го претставува и тука го имаме вториот проблем кој е на некој начин атентат врз демократијата кај Албанците. Тежината на претставување ја носи една политичка заедница. Кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја носат македонците. Зошто треба да има некаква политичка програма кај албанските политички партии кога утре некој друг ќе избира кој ќе биде нивни претсавник. Трето што е загрижувачки е што се враќаме пред Охридска Македонија, се враќаме кога Албанците се маргинлизирани и се претставувани во владата но без политичка тежина“, рече Селими.

Тој зборуваше и за тоа дека Ахмети не ја квалификува истрагата за трагедијата во Кочани како селективна туку тоа го кажуваат родителите.

„Мислам дека секој кој се огрешил пред законите и ја злоупотребил довербата на граѓаните треба да одговара и да си ја сноси одговорноста но тоа во случајот со Бектеши и со трагедијата во Кочани не е дека Ахмети го квалификува како селективна туку родителите сами велат дека е селективна правдата.  Ние не можеме да затвориме очи пред она што е очигледно а тоа е дека оваа валст сака да спаси се што е свое. Родителите со нивни факти зборуваа. Имаме актуелни функционери кои не се опфатни со истрагата. Имате 4 претходни министри за економија кои се паднало да бидат од ДУИ кои се или во куќен притвор или во притвор и имате актуелен министер за економија ја врши функцијата. Тоа се причините поради кои се креира перцепција дека е политички прогон“, додаде Селими.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Следно

Мерц положи заклетва како 10-ти канцелар на Германија

Latest from Blog

Комерцијална банка Скопје (KMB), Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) и Макпетрол Скопје (MPT) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,48%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 20.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.917,92 поени и забележа раст од 0,48%, односно 47,59 поени, додека

ВЛЕН: ДУИ наместо граѓаните, ги штити своите функционери

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“. Во реакцијата се

МОСКВА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ – Песков ја откри улогата на Русија во преговорите меѓу САД и Иран

Русија не учествува во преговорите меѓу САД и Иран, но е подготвена да помогне во постигнувањето мирно решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. – Во моментов, Руската Федерација не е

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода

Една минимална плата не е доволна ни за леб и вода, коментира во објава на Фејсбук претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, откако ССМ денеска ја објави минималната синдикална
Go toTop