OpenAI воведува групни разговори во ChatGPT

November 22, 2025
1 min read

OpenAI воведе групни разговори во ChatGPT, дозволувајќи им на корисниците да вклучат до 20 други луѓе во истиот разговор со нивниот AI чатбот.

Оваа функција е веќе глобално достапна за сите регистрирани корисници, без оглед на тоа дали плаќаат претплата или не.

Според OpenAI, групните разговори се дизајнирани како еден вид алатка за соработка за повеќе луѓе, со активна помош на ChatGPT. Групите се креираат преку иконата за луѓе во горниот десен агол на апликацијата, по што ChatGPT автоматски ќе го копира постоечкиот разговор во новата група и ќе му дозволи на креаторот да им испрати на другите линк за приклучување.

Кога креирате или се приклучувате на групен разговор за првпат, потребно е да внесете име, корисничко име и фотографија за полесно да се следи кој што пишува. Погледнете како изгледа во пракса во видеото објавено од OpenAI на X.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

Следно

ВИДЕО: Експлозија во пристаништето во Лос Анџелес: Запалени опасни материјали, прогласена вонредна состојба

Latest from Blog

Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси запре

 Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред

Италија и уште шест земји се спротивставија на нови ограничувања за идните членки на ЕУ

Италија, заедно со Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија, се спротивстави на предлогот на Франција, Германија и земјите од Бенелукс за воведување нови рестриктивни механизми во процесот на пристапување на идните

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни
Go toTop