Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

November 22, 2025
1 min read

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири во Скопје-Петровец и Претор, два во Битола и Пожар и со по еден Скопје–Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Велес, Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани.

Минималната утринска температура се движи од 4 до 14 степени.

УХМР и за денеска најави променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадаратен за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесниот Мурињо ги шокира играчите на Бенфика: Кои се „предавниците“?

Следно

OpenAI воведува групни разговори во ChatGPT

Latest from Blog

Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси запре

 Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред

Италија и уште шест земји се спротивставија на нови ограничувања за идните членки на ЕУ

Италија, заедно со Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија, се спротивстави на предлогот на Франција, Германија и земјите од Бенелукс за воведување нови рестриктивни механизми во процесот на пристапување на идните

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни
Go toTop