НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА: Полицијата бара информации околу сторителите на пукањето во угостителскиот објект во Тирана

March 13, 2023
1 min read

Албанската полиција побара помош од граѓаните за апсење на сторителите на вооружениот напад во угостителски објект во Тирана и распиша награда во износ од 20 илјади евра за секој кој ќе даде корисна информација.

-Државната полиција ги повикува граѓаните да дадат информации за сторителите на овој немил настан и нуди награда од 20.000 евра за секоја вредна информација што ќе доведе до идентификација на сторителите. Државната полиција го прави достапен на јавноста и бесплатниот телефонски број 069 41 11 546, стои во полициското соопштение.

Во него се наведува и динамиката на кримилното дело, при што се наведува дека возилото со кое пристигнале пред објектот, марка „БМВ“, било украдено во Драч.

-Сторителите пристигнале со возило БМВ со странски регистарски таблички, го застанале пред кафеаната на Фатјон Мурати, познато име на полицијата. Двајца од сторителите излегле од автомобилот и отвориле оган со автоматски пушки во правец на кафеаната, по што се оддалечиле од местото. Во возилото кое е пронајдено запалено во село Ликметај беа пронајдени и три автоматски пушки. Од проверката на бројот на шасијата, излегува дека БМВ сива боја било украдено во текот на ноќта на 12.03.2021 година во Драч, се наведува во полициското соопштение.

Според полицијата, во пукотниците животот го загубила Мимоза Паја (58) која била вработена како шанкер, а повредени се пет граѓани на возраст од 42 до 55 години, од кои тројца и понатаму се во трауматолошката болница и добиваат лекарска помош. Девојче на возраст од 10 години, внука на убиената, се здобило со повреди на раката од скршените стакла од престрелката.

Полицијата соопшти дека Мурати бил во домашен притвор, откако при претрес во неговиот дом било пронајдено оружје. По синоќешниот инцидент полицијата не го пронашла во неговиот дом. Постојат основи на сомневање дека претходно заминал за Косово, а потоа за Турција.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Го исполнивме ветувањето за повисока минимална плата, од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

Следно

Симов нов тренер на Македонија ЃП

Latest from Blog

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија
Go toTop