Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

October 13, 2025
1 min read

Метан – невидлив гас што ја загрева планетата, излегува од пукнатини на морското дно кај Антарктикот, додека областа се затоплува. Нови протекувања, имено, „се откриваат со зачудувачка брзина“, според научниците, што предизвикува стравувања дека предвидувањата за глобалното затоплување можеби биле потценети.

Огромни количини на метан лежат на крајниот југ на планетава, коишто се создале во текот на илјадници години под морското дно. Тој невидлив гас може да истече во водата низ пукнатини, честопати манифестирајќи се како извор со меурчиња што патуваат кон површината. Протекувањата на метан се релативно чести на светско ниво, но пред ова истражување имало само едно потврдено активно протекување на Антарктикот. Малку е познато за овие подводни протекувања, и бидејќи протекувањата на метан на Антарктикот се многу малку проучени, меѓународен тим научници се зафати да ги пронајде и истражи, објави „Си-ен-ен“ (CNN). Новата експедиција е со брод, далечински управувани возила и нуркачи, кои земаат примероци од повеќе точки во Росовото Море – залив во Јужниот Океан, на длабочина до 240 метри.

Научен труд објавен во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications) идентификува повеќе од 40 протекувања на метан во плитките води. Многу од протекувањата се на новопронајдени места. Научниците се загрижени и за можните опасности врз морскиот живот. Иако сè уште не е јасно зошто се случуваат протекувањата, во тек се истражувања за да се утврди дали тие се предизвикани од климатските промени.

– Нешто што се сметало за ретко, сега се чини дека станува широко распространето. На Арктикот – на другата страна на светот, зголемените испуштања на метан веќе се поврзани со потопли температури и зголемување на нивото на морето. Ова би можело да создаде повратни опасности, каде што климатските промени ги поттикнуваат истекувањата на метан, изјави Сара Сибрук, авторка на извештајот и морски научник во истражувачката организација „Наука за Земјата“ од Нов Зеланд (Earth Sciences New Zealand).

Стравот е дека овие протекувања би можеле брзо да ослободат метан во атмосферата, што ќе ги направи извор на загадување за планетата.

– Метанот е вистински непозната работа – тој се крева во атмосферата и не знаеме зошто, рече Ендру Тербер, професор по морска биологија на Универзитетот во Калифорнија и учесник во истражувањето. – Огромните колични на метан на Антарктикот се една од најголемите загрижености. Доколку планетата продолжи да се затоплува, овие истекувања би можеле да се претворат од природна лабораторија во жариште на опасност, рече тој.

Научниците се враќаат на Антарктикот следната недела со цел двомесечна подробна анализа на истекувањата подетално.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Започна изградбата на спортска сала во Црешево вредна 34 милиони денари

Следно

„Киро Крстески – Платник“ ќе добие нов сјај – проект на Проданоски

Latest from Blog

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва на Скопскиот аеродром

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Република Северна Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот. Како што соопштуваат од Министерството за надворешни

Коњановски: Општина Битола инвестира во нова механизација за поефикасни комунални услуги

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се

Артета: Голема победа за нас

Екипата ан Арсенал синоќа обезбеди нова победа во премиерлигашкиот шампионат против тимот на Брајтон од 1:0. Триумфот е исклучително важен во битката за највисок пласман сезонава, затоа што сега Арсенал има седум

Општина Битола ја зајакнува комуналната дејност со нова механизација

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се
Go toTop