МОН: Започна изградбата на спортска сала во Црешево вредна 34 милиони денари

October 13, 2025
1 min read

Иднината на државата се создава во училиштата и затоа од исклучителна важност е сите деца да имаат пристојни услови за едукација, а нивните наставници да бидат мотивирани и да имаат можности добро да ја извршуваат својата благородна мисија. Како Влада се посветивме на инфраструктурата во образованието и во изминатите 16 месеци и вложивме 67 милиони евра – 32 преку Министерството за образование и наука (МОН) и 35 преку повикот на Владата за распределба на средства кон општините за образовни проекти. Ова го истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид во изградбата на спортската сала во рамки на ОУ „Наум Охридски“ во Црешево.

Како што информираат од МОН, Јаневска во своето обраќање истакнала дека инвестицијата во спортската сала е резултат на добрата соработка помеѓу Владата и општината и дека објектот ќе овозможи квалитетна реализација на наставата по физичко образование, но и ќе поттикне поголема физичка активност на децата по завршувањето на часовите.

– Инвестицијата во спортската сала е токму резултат на добрата соработка помеѓу Владата и општината. Објектот ќе овозможи квалитетна реализација на наставата по физичко образование, но и ќе поттикне поголема физичка активност и спортување на децата по завршувањето на часовите, рече Јаневска потенцирајќи дека квалитетната спортска инфраструктура придонесува за градење здрави генерации со вистински вредности – со натпреварувачки дух, упорност, тимска работа, емпатија и меѓусебна почит.

Министерката нагласила дека ќе продолжат инвестициите во образованието со зголемен буџет. Во текот на мандатот Владата, нагласила Јаневска, ќе изгради уште 30 училишни спортски сали и ќе реконструира 15 постоечки во различни општини.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Стефковски, посочил дека по 61 година учениците од Црешево, Виниче и Смилковци кои своето основно образование го поминуваат во ОУ „Наум Охридски“ ќе добијат училишна сала согласно сите европски стандарди.

Тој изразил задоволство од поддршката која ја добива од Владата за модернизација на инфраструктурата во општината, информирајќи дека средствата за објектот во висина од 34 милиони денари се обезбедени преку владиниот повик за распределба на средства по општини за инфраструктурни проекти. Спортската сала се очекува да биде завршена во втората половина на 2026 година.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

Следно

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop