Мицотакис: Ако понекогаш она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – C’est la vie (Таков е животот)

September 25, 2025
1 min read

 Тоа што имаме отворен канал на комуникација со Турција, не значи дека се согласуваме со Турција по сите прашања. Ако понекогаш, она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – нека биде така. C’est la vie (Таков е животот), што би рекле Французите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи за „Wall Street Journal“ на маргините на Генералното собрание на ОН.

За односите со Турција, Мицотакис нагласи дека со турскиот претседател се има сретнато седум пати од тогаш кога стана премиер и „не беа секогаш лесни средби“, но нагласи дека секогаш поддржува отворени канали за комуникација со соседната земја и „отворена дискусија за проблемите“.

Додаде дека ќе продолжат конструктивно да разговараат и ќе се обидат да најдат проекти од заеднички интерес.

Се осврна и на турските туристи, кои на островите во источниот дел на Егејското море добиваат експресна виза, објаснувајќи дека летово пристигнале над 100.000 Турци и „ова е, на пример за проект на ниво на граѓани, кој покажува дека кога станува збор за односите како народи, можеме да градиме врз овој однос“.

За истражувањата што во Егејското море ќе ги врши американската „Chevron“, истакна дека нема што да разговараат со Турција за конкретната тема, бидејќи ги остваруваат суверените права јужно од Крит.

На прашањето дали се сретнал со американскиот претседател Трамп рече дека имале разговор за време на приемот и објасни дека лично тој е „еден од лидерите кои соработуваа со претседателот Трамп за време на неговиот прв мандат“ и имале многу добра соработка.

– Имаме одлични односи со САД. Станува збор за стратешко партнерство, двопартиски однос. Што се однесува до билатералните односи, тие стануваат сè посилни. Некои од прашањата со кои се занимава претседателот Трамп, како што е енергијата, се важни и за нашата стратегија. Грција се развива во енергетски центар во Источниот Медитеран. „Chevron“ и „Exxon“ бараат природен гас јужно од Крит. Придаваме големо значење на обновливите извори на енергија, но ја разбираме и улогата на природниот гас како транзициско гориво. Соработуваме многу тесно со САД за овие прашања, особено за енергијата, објасни Мицотакис.

Говорејќи за грчката економија, нагласи дека „сите податоци потврдуваат“ дека економијата „се врати“, истакнувајќи дека „приказната што ја раскажува Грција е важна и за пошироката европска, па можеби дури и за светската јавност“, ако се земе предвид каде се наоѓаше.

-Пред десет години, приносот на грчката десетгодишна обврзница беше околу 9,5 отсто, додека француската десетгодишна обврзница беше на 1 процент. Денес, Грција се финансира по пониска каматна стапка отколку Франција и Италија — и малкумина ќе се обложеа на такво нешто, дури и пред две или три години. Значи, според мене, ова е извонредна приказна за пресврт. Тоа е приказна што во фокусот ја има макроекономската стабилност. Грција постигнува не само примарен, туку и фискален суфицит, порача Мицотакис. /МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Еден глас“ за промени: ВЛЕН го претстави бројот 7 за победа

Следно

Невиден скандал: Кустосот на музејот избегал од земјата откако неговата изложба била оценета како провокативна

Latest from Blog

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Како што објавува „TMZ“, тој предизвикал сериозен проблем со раководството на затворот  „Форт Дикс“ кога бил фатен како консумира „домашен алкохолен пијалок“. Според дополнителни извори, рецептот за истиот „домашен алкохол“ е направен од

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА, ја празнуваме Светата маченичка Параскева

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 октомври. Светата маченичка Параскева (Петка) Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна

Градоначалникот Проданоски: Сакам Прилеп да биде модерен и динамичен град

Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Прилеп, откако убедливо победи во првиот круг од изминатите локални избори, и тој во наредните четири години ќе ја
Go toTop