Невиден скандал: Кустосот на музејот избегал од земјата откако неговата изложба била оценета како провокативна

September 25, 2025
1 min read

Кустос на музеј во Бангкок го напуштил
Тајланд
и заминал за
Лондон, плашејќи се од апсење, откако Кина ја осуди неговата музејска изложба и
изложба како премногу провокативни, објави денес „Њујорк тајмс“.

Претставници
на музејот изјавија дека кинеските и тајландските власти вршеле притисок за
отстранување на делата на уметници од Тибет, Хонг Конг и кинеската покраина Синџијанг
чии дела биле критички настроени кон Кина, објави весникот.

На
инсталацијата на изложбата „Соѕвездие на соучество“ во Центарот за уметност и
култура во Бангкок, која беше отворена во јули, беа прикажани знамињата на
Тибет и на ујгурскиот народ, кои подоцна беа отстранети.

Кустосот на изложбата, која ги критикуваше
владите на Кина, Мјанмар и некои други земји, очекувал реакција, но не толку
брза за да го принуди да ја напушти земјата, објавува американскиот весник.

Кустосот, уметник од Мјанмар кој се
претставува како Саи, рекол дека два дена по отворањето на изложбата,
директорите на музејот го информирале преку дигитални пораки дека тајландската
полиција е во зградата на музејот и дека го бараат.

Плашејќи се
дека може да биде уапсен и депортиран во Мјанмар поради неговата работа на
изложбата, тој рече дека брзо отишол на аеродромот во Бангкок и одлетал за
Лондон, објави „Њујорк тајмс“.

Саи избегал
од Мјанмар по воениот удар во 2021 година, и ја замислил изложбата за да
прикаже дела од уметници од таа земја и други земји кои останале во пријателски
односи со воената хунта.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицотакис: Ако понекогаш она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – C’est la vie (Таков е животот)

Следно

Ријана роди ќерка, ѝ даде уникатно име

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop