„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
1 min read

Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата.

-Моментално има прекин на услугата „Старлинк“. Нашиот тим истражува, се вели во соопштението на интернет провајдерот, без да даде дополнителни детали.

Веб-страницата за следење на интернет услуги „Даундектор“ соопшти дека повеќе од 43.000 корисници во Соединетите Американски Држави биле погодени.

„Старлинк“ на американската компанија „Спејс Икс“ обезбедува интернет услуги преку сателити во ниската Земјина орбита и се користи првенствено во оддалечени области и конфликтни зони низ целиот свет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апасиев и Мециновќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари

Следно

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и
Go toTop