Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

September 15, 2025
1 min read

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил официјално примен во грчкиот образовен систем, овој буквар останува едно од најсилните сведоштва за признавањето на постоењето на македонскиот јазик и идентитет во тој период.

Абецедарот бил наменет за децата Македонци во Егејскиот дел на Македонија и претставувал прв обид за институционализирано образование на мајчин јазик. Но, поради силните притисоци и одбивањето на грчките власти, тој никогаш не бил ставен во употреба.

Историчарите потсетуваат дека Абецедарот има тројца автори и претставува документ со кој меѓународната заедница, преку Друштвото на народите, јасно признала дека во Грција постои македонско малцинство.

 

„Овој буквар е доказ дека уште пред еден век постоела потреба за образование на македонски јазик и признавање на Македонците како посебен народ,“ велат научниците, повикувајќи дека оваа историја мора да се зачува и да биде дел од образовниот процес.

По повод големиот јубилеј, македонските здруженија од Егејскиот дел на Македонија и научната јавност иницираат Абецедарот да се вклучи во наставните програми, а да се издаде и негово ново факсимилно издание кое свечено ќе биде промовирано во текот на 2025 година.

Абецедарот, кој и денес е симбол на македонската писменост и борбата за идентитет, останува трајно врежан во колективната меморија како сведоштво за историската голгота, но и како потврда за вековната континуирана борба на Македонците за зачувување на јазикот и културата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

Следно

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата
Go toTop