Календар на МПЦ: Ден на Светиот маченик Луп

September 5, 2025
2 mins read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 август.

Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Бидејќи Луп иако беше христијанин се уште не беше крстен, Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Во тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. После големи маки го убија и се пресели во Небесното Царство.

Тропар

Молитвите твои, свет Лупе мачениче, за нас нека стигнат до Оној, Кој од Небесата свето крштение изли врз твојата глава, удостојувајќи ги телесните од овој свет, да ја видат благодатната сила Господова, Кој го чува Израилот, а тебе венец на слава маченичка ти подготви.

Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски

Свети Поликарп го испрати од Мала Азија во Галија на проповед. Стана прв епископ Лионски и многумина ги преведе од незнабоштво во христијанство. Во времето на гонењето на христијаните во 177 година на суд беше изведен и Потин: го донесоа на раце, бидејќи беше стар деведесет години. Проконсулот го праша: „Кој е христијанскиот Бог?“ Старецот Потин пак одговори: „Ќе дознаеш ако се удостоиш со тоа.“ Незнабожците навалија на него со стапови и со камења и безмилосно го тепаа. Го фрлија во затвор, каде што од ударите за два дена се упокои и се пресели во Небесното Царство.

Тропар

„Свет е Господ Бог наш“, незапирливо славословеше, свет Потине, епископе на Бога Живиот, и достоинството твое пред лицето Негово го надмина поимањето на оние кои по тело мудруваат, радувај се, пастиру, радувај се, свет маченику, и донеси милост за нашите души од Изворот на простувањето.

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски

Во младоста му беше ученик на апостолскиот ученик Свети Поликарп, којшто го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на Свети Потин за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час пак ја брани од еретиците. Пострада за Христа во времето на царот Север, во 202 година, со илјадници други христијани (деветнаесет илјади).

Тропар

Како гранка накалемена на стеблото, сок животен од Небесата прими, коренот на учењето Христос Спасителот во низата Свои столбови те постави, а Духот Свет постојано те умудруваше, о Иринее свет епископе, богопротивните учења ги согори и нам чиста наука за спасение ни остави. Мачениче Христов, моли се Духот Кој тебе те водеше, и нам вдахновение да ни остави.

Свети Виктор

Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст.

Тропар
Те удостои Спасителот, крсна смрт маченичка да вкусиш, о Викторе свети, заради името Негово Богочовечко, и награден беше со венец на слава небесна заради трпението во маките. Денес измоли од Господ благодат света спасоносна за душите наши.

Света маченичка Еба

Света Еба помладата била игуменија во големиот манастирски комплекс во Колдингам, на шкотската граница кон Северното Море, основан два века претходно од страна на света Еба постарата, ќерка на нортумбрискиот крал и сестра на светите Освалд и Осви. За време на данското завојување на Шкотска во 879 година, света Еба стравувала за својата девственост, зашто Викинзите биле познати по силувањето и масакрирањето на жените. Ги собрала монахињите во параклисот и ги храбрела да направат како што направила таа. Имено, со брич си ги расекла носот и горната усна за да ги одврати напаѓачите од силување. Целото сестринство го следел нејзиниот пример. Нивниот изглед толку ги згрозил завојувачите што сите монахињи биле спасени од силување, но не и од смртта – Данците го запалиле манастирот. Сето монашко сестринство исчезнало во пламенот, а нивните непорочни души се населиле во Царството на вечната Христова Светлина.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Ловро Џустинијани.

Бил роден во 1381 година во Венеција. Завршил теолошки науки и станал свештеник. Луѓето барале совети од него. Во 1443 година бил наименуван за бискуп на Кастело. Поради големиот углед и светост во животот, папата Никола Петти го именувал на млетачки патријарх. Свети Ловро умрел во 1546 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шест комисии ќе заседаваат во Собранието

Следно

Спектакл за крај: Меси постигна два гола во неговиот последен меч во Аргентина (ВИДЕО)

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop