Спектакл за крај: Меси постигна два гола во неговиот последен меч во Аргентина (ВИДЕО)

September 5, 2025
1 min read

Аргентина ја победи Венецуела со 3-0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство, а Лионел Меси (38) постигна два гола неговиот последен меч за репрезентацијата на домашен терен. Меси беше видливо емотивен по натпреварот во Буенос Аирес, велејќи дека „отсекогаш сонувал“ да се збогува со своите домашни навивачи, објави ESPN.

Аргентинската ѕвезда се збогува со стил, постигнувајќи два гола, а Лаутаро Мартинез додаде еден. Запрашан за неговиот настап на Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада, Меси кратко одговори: „Ќе видиме“.

„Толку многу емоции доживеав на овој терен. Секогаш е радост да се игра во Аргентина. Со години уживавме во секој натпревар. Многу сум среќен, мојот сон беше да завршам тука. Денес беше последниот натпревар за освојување поени тука“, рече Меси.

Аргентина веќе обезбеди место на Светското првенство во 2026 година како прва екипа на табелата на КОНМЕБОЛ пред натпреварот. Иако Меси изрази желба да игра, тој нагласи дека ќе го следи своето тело во наредните месеци за да донесе конечна одлука.

„Како што реков претходно за Светското првенство, не мислам дека ќе играм уште еднаш. Со оглед на моите години, логично е дека нема да успеам. Но, како што секогаш велам, одиме ден по ден, следејќи како се чувствувам. Кога се чувствувам добро, уживам, но кога не, искрено, не се забавувам добро. Па, ќе видиме. Сè уште не сум донел одлука за Светското првенство“, рече тој.

Меси, најдобар стрелец на Аргентина (114) и најмногу настапи (194), го имаше своето деби на Светското првенство во 2006 година на само 18 години. Тој ги предводеше до финалето на Светските првенства во 2014 и 2022 година, а круната на неговата кариера дојде со освојувањето на трофејот во Катар.

Аргентина сега се соочува со последниот квалификациски натпревар против Еквадор на гостински терен, а Меси потврди дека нема да игра на тој натпревар.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Календар на МПЦ: Ден на Светиот маченик Луп

Следно

Зошто сè повеќе жени не сакаат да имаат интимни односи?

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop