Првачињата во Кисела Вода добија ранчиња, Ѓорѓиевски и Мицкоски им посакаа среќа

September 1, 2025
1 min read

На самиот почеток на учебната година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што за првачињата беа поделени ранчиња и школски прибор.

При посетата, Ѓорѓиевски изврши увид во доградбата на училиштето, проект кој обезбедува работа во една смена и создава подобри услови за наставата. Градоначалникот истакна дека во изминатите години биле реализирани бројни проекти за модернизација на образовната инфраструктура, меѓу кои: компјутери за наставниците, униформи за учениците, смарт-уреди и пречистувачи на воздух во секоја училница, нови спортски терени и сали, како и фотоволтаици кои овозможуваат производство на електрична енергија во училиштата.

,,Овие проекти се доказ дека вложувањето во најмладите е вложување во иднината. Драги ученици, вратата кон знаењето е денес отворена пред вас. Учете, сонувајте и бидете храбри, ние ќе бидеме тука да ви обезбедиме образование какво што заслужувате“, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Мицкоски и Министерството за образование за поддршката и визијата за капиталните инвестиции во образованието.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Чаир започнува со едносменско учење во ОУ „Битолски Конгрес“

Следно

Омерагиќ: 1.848 млади фудбалери добија нова спортска опрема

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop