Омерагиќ: 1.848 млади фудбалери добија нова спортска опрема

September 1, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше рекордна донација на спортска опрема за 1.848 деца – пионери и помлади пионери – од младинските категории во натпреварувачкиот систем на федерацијата.

Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третите младинска лига добија по 44 комплети опрема за тренинг, кои вклучуваат тренерки, маици и шорцеви, како и ранци, како и по 30 фудбалски топки за секој клуб.

„Сакам да потенцирам дека оваа опрема е наменета исклучиво за децата и клубовите немаат право да им ја наплаќаат на родителите“, изјави Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Тој додаде дека федерацијата ќе продолжи да работи за поддршка на младинскиот фудбал, нагласувајќи дека иднината на македонскиот фудбал е токму во овие деца.

„Ќе продолжиме да правиме сè што е потребно за да им помогнеме на оние кои вложуваат во младинскиот фудбал, затоа што иднината на нашата игра е токму во овие деца“, рече Омерагиќ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првачињата во Кисела Вода добија ранчиња, Ѓорѓиевски и Мицкоски им посакаа среќа

Следно

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop