Меџити: Чаир започнува со едносменско учење во ОУ „Битолски Конгрес“

September 1, 2025
1 min read

, 1 септември 2025 година – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, го посети Основното училиште „Битолски Конгрес“ – Чаир по повод почетокот на новата учебна година.

Меџити, пред наставниот кадар и учениците на ова училиште, изјави дека првиот чекор кон европско образование во Чаир започнува токму од ова училиште, каде што од денес започна имплементацијата на едносменска настава.

„Денес, на првиот ден од учебната година, го правиме првиот конкретен чекор кон европско образование во Чаир: започнуваме со настава во една смена во ОУ ‘Битолски Конгрес’ – Чаир. Ова не е само најава – ова е реализација. Ова е доказ дека нашите проекти и ветувања имаат кредибилитет и тежина, и дека работиме сериозно, со план и одговорност“, изјави Меџити.

За децата, ова значи поквалитетна настава, интерактивни часови и проекти, повеќе спорт и култура, безбеден и мотивирачки амбиент, рече Меџити, и додаде дека за родителите ова значи гарантирана грижа и безбедност, помалку стрес и подобро планирање на работниот ден, како и редовна и транспарентна комуникација со училиштето.

„За наставниците, ова значи обука за современи методи, користење на дигитални алатки и инклузивни практики, јасна организација на работниот ден и стимулативен систем за резултати и професионален развој“, додаде Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити најави дека пилот-моделот во „Битолски Конгрес“ – Чаир ќе се прошири, според јасен календар, и во другите училишта. Во рок од четири години, Чаир ќе стане општина во која сите основни училишта ќе функционираат со едносменска и целодневна настава.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови услови за учениците во „Мирка Гинова“ благодарение на СТЕНТОН ГРАДБА

Следно

Првачињата во Кисела Вода добија ранчиња, Ѓорѓиевски и Мицкоски им посакаа среќа

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop