Истрага за уништување на археолошкиот локалитет во Живојно

March 6, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик.

Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот како одговорно лице во правното лице презел дејствија со кои ја уништил источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно. Локалитетот претставува регистрирано недвижно добро – дел од арехолошката мапа на Македонија и се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлуката на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на осомниченото правно лице.

Иако првопријавениот знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште во кое не смее да се врши експлоатација, сепак во горенаведениот период, без да ги почитува одредбите од член 13 од Договорот за концесија и насоките дадени од претставниците на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, ангажирал подизведувач на кого му дал насоки да започне со експлоатација на минерална суровина – јаглен.

Како резултат на тие активности во целост е уништена источната периферија на археолошкото наоѓалиште, што е констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерка за обезбедување спрема правното лице – забрана за вршење дејност вадење на камен јаглен. Ваквата забрана е побарана бидејќи понатамошното ископување на земја од подрачјето може да доведе до целосно оштетување на целиот археолошки локалитет Влаху. Имено, Основното јавно обвинителство Битола во поднесениот предлог му укажа на Судот дека заради исклучително длабокиот укоп кој веќе е направен и со кој е уништена источната периферија на локалитетот, возможно е еродирање на археолошките содржини и дополнително уништување на други делови од археолошкиот локалитет.

Дополнително, во рамките на истото концесиско поле има уште два локалитети кои подлежат под истиот режим на заштита. Со оглед на тоа што концесионерот, со своето однесување покажа дека нема намера да ги почитува законските и договорните обврски за заштита на културното наследство, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност и овие други локалитети да бидат неповратно уништени доколку ископот не се забрани.​

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: Нови детали за исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Следно

(ВИДЕО) Тепачка во парламентот во Грузија поради законот за странски агенти направен по руски модел

Latest from Blog

Американскиот претставник ги повика ПКК/ЈПГ брзо да се интегрираат за да се избегнат проблеми со Турција и Сирија

– Шерифе Четин Амбасадорот на САД во Анкара и специјален претставник за Сирија, Том Барак, предупреди дека ако терористичката организација ПКК/ЈПГ не го забрза процесот на интеграција, ќе наиде на проблеми со

СО НАД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ ГО САНИРАШЕ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ ГОДИНИ ЗАПУШТЕН

После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени

Мицкоски не го осуди тепањето на Данела

Премиерот Христијан Мицкоски не го осуди тепањето на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот кој се случи вчера во Чаир.  „Државата има институции,

Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Турција откако терористичката група ПКК го положува оружјето

ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го оцени разоружувањето на терористичката група ПКК како историски пресврт и соопшти дека Турција влегува во нова ера на единство и сила, известува
Go toTop